Дејан Ѓорѓиески од Прилеп е победник на првиот шаховски турнир одржан во 2024 година во Македонија, а кој се одигра во Битола.
Во организација на шаховскиот клуб „Штајниц“ настапија 46 шахисти, а победникот Ѓорѓиески имаше 7,5 поени од 9 партии. Во интересен расплет, покрај Ѓорѓиески кој настапува за клубот „Пелагон“, на врвот се најдоа и шахисти од повеќе други македонски клубови.
Филип Михов од ШК Алкалоид и Андреј Велјановски од ШК Гамбит го поделија второто место со 7 бода, а веднаш зад нив со 6,5 поени беа Кире Николовски од ШК Прилеп и Сулејман Суљовиќ од Србија.
Четири шахисти се најдоа на делба на шестото место, при што со „тај-брејк“ критериум Горан Симовски се најде пред ИМ Тони Лазов, Алекс Насков и Константин Лушески.












