Утрово -4 степени на Попова Шапка, -1 Берово, Лазарополе, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови, Крушево, 1 Крива Паланка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, 3 Струмица, 4 Штип, Куманово, Претор, 5 Демир Капија, Виница, Гевгелија, 7 Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.
Променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните и јужните делови ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени. Во Битола до 12 степени.












