ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕР СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Времето денеска променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи.

Дневните температури од 14 до 24 степени, во Битола до 22.

И утре ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.