Проф. Д- р Игор Неделковски, ректор на универзитетот Св. Климент Охридски, е новиот амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина. Промоцијата се случи во рамките на глобалниот дијалог што го реализира Шандонг – aсоцијација за меѓународна размена на персонал.

Во рамките на глобалниот дијалог на ректорот Игор Неделковски беше промовиран во амбасадор на културната соработка со Кина, како еден од 15-те претседатели, ректори и други високи претставници на европски и светски универзитети на кои им беше доделено ова признание. По покана на Шандонг асоцијацијата за меѓународна размена на персонал која е дел од националната Кинеска асоцијација за меѓународна размена на персонал, ректорот на УКЛО проф. Д-р Игор Неделковски учествуваше на Глобалниот дијалог на претседатели на универзитети, кој се одржа од 5 до 7 ноември 2025 година, во историскиот град Чифу – родниот град на Конфучије) . Целта на овој собир беше да се создаде платформа на високо ниво за дијалог и соработка, осврнувајќи се на најитните можности и предизвици во глобалното високо образование.
Неделковски, учеството го искористил и за потпишување меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Шандонг асоцијацијата за меѓународна размена на персонал. Во својот говор тој се осврна на можностите за итеграција на меѓународните студенти во своите земји. – информираат декенска од кабинетот на Ректорот.

Асоцијацијата организатор инаку овозможува меѓународни размени во различни области како што се образованието, науката, технологијата и културата за да придонесе кон модернизација на Кина. Меѓу другите активности има клучна улога во привлекување на странски експерти да работат во Кина, но уште поголема цел им е привлекување и создавање услови за враќање и интеграцијата на кинеските студенти или стручњаци кои студираат или работат во странство.
Соработката со оваа агенција може да даде значителни искуства за Македонија бидејќи и кај нас горлив проблем е што голем дел од најдобрите студенти и експерти кои студираат или работат во странство ретко се одлучуваат да се вратат во својата матична земја.

















