Една мала интервенција за гигант каков што е РЕК Битола значи многу за децата згрижени во Детската градинка Пинокио во населбата Долно Оризари во Битола и за нивните родители, се вели во информацијата од РЕК Битола.

Со отпадни, но репарирани материјали и работна рака од РЕК Битола, монтирана е настрешница на влезот во градинката која ќе ги заштити децата од повреди кои често се случуваа во есенскиот и зимскиот период заради лизгавата патека.

Благодарницата што ја доби директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски од директорката на ДГ Естреја Овадија Мара, Лидија Тфирст Митревскa, е признание за сите вработени во комбинатот кои секогаш кога дозволуваат работните обврски, работат за доброто на заедницата!













