Најновата песна на Драган Величковски Тајзи е со наслов „Сакам“. Музиката и текстот се негово дело, аранжманот и микс мастерингит на Иле Спасев, видеото го направи Никола Ставрески.
Песната Тајзи ја промовираше токму на празникот Богојавление и за истата рече: „Сакам да гледам свет без омраза маски и беда.Симни се Боже сега од било кога повеќе требаш. Ова е мојата најнова песна која исто како и Бела Чао,Калимеро,Иронија и уште неколку наредни ги чувам повеќе од 5 години. Никогаш не сум сакал публицитет и слава па затоа и многу ретко се појавувам по медиуми. Вака преку песна сакам да ви се обратам. Должен сум ви за љубовта која ми ја давате сите овие години да ви ги пренесам овие пораки. Тоа е мојата мисија“.













