ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТОТ ГО ДОБИ ОСУММИЛЈАРДИТИОТ ЖИТЕЛ

Според проценките на Обединетите нации (ОН), светот доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.

Осуммилијардитото бебе во светот родено на Филипините.

Бебето се родило во 1:29 часот по локално време, со нормално породување. Лекарите велат дека неговото раѓање го чекале околу два часа.

Според прогнозите, светската популација ќе достигне 8,5 милијарди луѓе до 2030 година, 9,7 милијарди до 2050 година, а 10,4 милијарди во 2100 година.

Просечниот животен век во 2019 година е 72,8 години, што е зголемување за девет години во однос на 1990 година. Се предвидува и натамошно намалување на смртноста што ќе доведе до просечен животен век од околу 77,2 години на глобално ниво во 2050 година.