Од битолската ВМРО ДПМНЕ преку прес конференција велат дека СДСМ во недостаток на идеи, теми и најстрашно во криза да најдат кандидат за градоначалник во Битола, кој што однапред е губитник, не знае ниту што зборува, ниту што прави.
„Најверојатно ќе биде принуден да поддржи независен (непартиски) кандидат како алиби за поразот.
СДС Битола, во состојба на тотален распад, кога се соочуваат со оставки на клучни партиски позиции, кога нивните челници се обвинети и на клупите во судовите за милионски криминали, дрско и без никаков срам, продолжуваат да ги манипулираат граѓаните, кои одамна не им веруваат.
Нивни проблем е што рејтингот и на државно ниво и на локално им е паднат на ниво на статистичка грешка, ама ширењето ноторни лаги и невистини, комплетното непознавање и искривување на фактите, никако не може да им помогне.
Господо од СДС – вие малкумина, со кое право ги вознемирувате граѓаните, од новинарска редакција во распад се претворивте во жолт печат, каде не важат ниту правилата за пристојно однесување. Тоа што остана од вас може да се вика и АДИТИВ ПАРТИЈА.
ВМРО ДПМНЕ, заедно со своите коалициони партнери во договорот што го склучи со граѓаните ќе продолжи неуморно да работи на зајакнувањето на институциите, на почитувањето на правото, макотрпното отворање на патот на правдата и обезбедувањето подобри животни услови за граѓаните.
Вие лажете и манипулирајте, вежбајте читање текстови за основно училиште, играјте си скриена камера – ние продолжуваме по патот кој носи подобри денови за секого во Македонија“ рече портпаролката на партијата во Битола, Ангела Здравковска.












