Од јавното претпријатие „Национални шуми“ денеска со објаснување, за како што велат, да нема недоразбирања за Забраната за движење во шума.
Секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30-те подружници на Национални шуми.
Националните паркови ( Пелистер, Галичица, Шар Планина, Парк шумата Водно) се посебни субјекти и Национални шуми за нив не издаваат дозвола, валат од јавното претпријатие.
Станува збор за делумна забрана за движење во шума .
„Пред две години се случија најголемите пожари во поновата историја, а штетата од тие шумски пожари е над 7 милиони евра (само за Национални шуми). Штетата за наредните години е непроценлива, бидејќи изгоре дрвна маса од 380.000 м3. Воведената делумна забрана за движење во шума е превентивна мерка и нема никакви други намери. Да ги заштитиме шумите од шумски пожари“ велат од Национални шуми.












