Денеска планирани се прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Битола и околината.
Од 07:50 до 12:00 часот, без струја ќе бидат селата Дихово, Магарево, Трново и Молика и околните објекти.
Во градот Битола, од 07:55 до 11:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен на улицата „Милтон Манаки“, дел од улицата „Партизанска“, улиците „Стале Попов“ и „Сотир Брбевски“, како и на улицата „12 Кладенци“, со околните објекти.
За денеска нема најава за прекин во водоснабдувањето во Битола.












