ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ ЗА ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО

Во организација на планинарскиот спортски клуб Пелистер од Битола се одржа 34. издание на традиционален планинарски марш „Димитар Илиевски-Мурато 2023“. Традиционалниот марш е во чест на освојувањето на највисокиот врв на светот, Монт Еверест од страна на првиот Македонец, Димитар Илиевски-Мурато од Битола, член на ПСК Пелистер.Планинарите кои годинава го прифатија предизвикот во негова чест се искачија на Димев врв, до највисоката точка на Баба Планина, на Антена. 

Тие положија цвеќе, со што му оддадоа почит на Мурато. На маршот покрај планинари од Битола имаше и планинари од Скопје, Кочани, Куманово, Пехчево, Кавадарци и други македонски градови, како и гости од Грција.

Планинарскиот марш е востановен во 1989 година, истата година кога битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато, како член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ на 10 мај се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест висок 8.848 метри, развиори знаме, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите.

Фото: Петар Ставрев