ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА, 6 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР

Утрово, нешто пред 10 часот, источна Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, недалеку од градот Баскил. Епицентарот беше сместен на 44 километри источно од Малатија и на 26 километри југоисточно од Баскил, реон кој минатата година веќе доживеа силен потрес. Земјотресот се случи на длабочина од 9 километри.

Потресот беше силно почувствуван во источна Анадолија, југоисточна Анадолија и централна Анадолија, вклучувајќи ги градовите Дијарбакир и Елазиг. Пораки од Сирија укажуваат на тоа дека и таму, на 300 километри од епицентарот, земјотресот бил почувствуван.

„Земјотресот се почувствува силно во околните провинции и окрузи. Земјотресот предизвика краткотрајна паника кај граѓаните. Досега не е дадена официјална информација за каква било загуба на животи или сериозна финансиска штета. Екипите продолжуваат со инспекции во областа“,информираат од Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД).

Засега нема информации за жртви или значителна материјална штета, но локалните власти ги следат настаните.