ТЕРА

REKLAMA???

СО ВИДЕО СПОТЧЕ КОЊАНОВСКИ ГИ ПРОМОВИРАШЕ ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ги сефтоса новите велосипедски патеки, патеки за кое имаше многу кавги во Советот, а и сега поделени мислења и таму и меѓу граѓаните.

Станаа дежурна тема, а јавноста будно ја следи. И на позитивните и на негативните коментари, Коњановсски одговори со видео каде во 3 минути 40 секудни, кажа дека оди на работа. Неговото излегување од дома, па натолу по „Партизанска“ на кај Широк сокак.

Кај музејот ќе слези од велосипедот и ќе ја премини улицата на пешачкиот премин, а потоа со туркање на точакот по битолски го врви цел Широк сокак, оти нели таму забрането е возење.

Попатно ракување со минувавачи, а потоа преку „Магнолија“, па мостот кај судот со туркање се упати кон општинската зграда. Со возење влезе до службениот влез како и секогаш, па до неговиот кабинет и се фати за работа.

А, откако завршил со работниот ден во кабинетот пак со точакот на кај дома. Овој пат од „Васко Карангелевски“, средба со млади, возрасни и дијалог со Виктор Илиев од „Битола на точак“, кој вели ете после цели 11 години иницијативата за велосипедските патеки добива епилог.

Од општината велат дека  следува период на доуредување на теренот каде што врват патеките и најавија изградба на нови велосипедски патеки во делот на поранешната касарна АРМ и други локации низ градот.

Видеото завршува со реченицата „Реконструкцијата на тротоарите на улиците „Васко Карангелевски” и „Партизанска” со нови велосипедски патеки, се реализира со средства од Буџетот на Општина Битола и претставува проектна активност на проектот Smart4you2, поддржан од Европските фондови“.

Со ова, Општина Битола не само што инвестира во подобра инфраструктура, туку и се позиционира како привлечна дестинација за љубителите на велосипедизмот и активниот туризам, поттикнувајќи здрави навики и зелени решенија, вели Коњановски кој доби мандат од партијата да вози, односно да трча и на следните локални избори за уште еден мандат.