Продолжува серијалот интервјуа, односно претставување на кандидатите за градоначалник на Битола според ждрепката за редоследот на гостувања.
Синоќа гостин беше Зоран Николовски, независен кандидат за градоначалник на Битола, а кој ја доби поддшката од партијата „Левица“.

Со него зборуваме за мотивот, односно желбата да се биде градоначалник, зошто да гласаат граѓаните за него, а не за еден од другите седум. Побаравме да претстави и три капитални проекти, но реални и остварливи и рок на завршување.












