ТЕРА

REKLAMA???

СО РЕКТОРОТ НЕДЕЛКОВСКИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИТЕ ПРОЕКТИ И УПИСИТЕ

„Долго време науката беше маргинализирана во Македонија. Инаку факултетите се наставно-научни установи и Универзитетот со тоа. Значи колку што има настава има и наука. И фондот на часови кај наставниците, соработници или професори ги распределил помеѓу настава и наука и тоа оптоварувањето е нешто приближно. Така што научната компонента исто толку е значајна колку и наставната“ вели проф. д-р Игор Неделковски ректор на битолскиот универзитет прашан за одобрените пет научни проекти од министерството за образование и наука, за тоа дали го дели впечатокот дека кога зборуваме за високото образование првата асоцијација е едукацијата, а науката како да е помалку видлива за јавноста.

Вели дека информацијата за одобрените пет научно-истражувачки проекти нив пријатно ги изненади, бидејќи се случило можеби после повеќе од 15 години. Вели дека некаде 2007-2008 година имаше последни повици од министарството за финансирање на научно-истажувачки проекти.

Со него зборувавме и за примената на вештачката интелигенција, особено што еден од одобрените проекти е вештачкатa интелигенција за унапредување на туризмот. Останатите се во делот на земјоделието, ветеринарството, сајбер насилството во училиштата.

Вторник започнуваат уписите за идните студенти на универзитетот во академската 2025-2026 година.

Иако рокот за пријавување е од 19 до 27 август, тој ги повика кандидатите за студентски индекс да го стора тоа во првите денови, се со цел да можат да си најдат место со државната квота за која се плаќа 200 евра школарина, а има место за 1199 студенти,  за разлика од таа која е со кофинансирање ( 675 места) и за вонредни студени ( 444 места) и школарината чини по 400 евра.

Трите причини зошто да студираат на битолскиот универзитет се дека ќе имаат можност да имаат  европско образовани преку Колорс алијансата, научно-истражувачка работа и апликативна работа.