Познатиот музичар Meto Di Flash (Методи Поповски), со супер музички подарок за сите вљубеници во добрата македонска музика, преку неговата нова песна „Среќа е“. Друштво во видеото му прават 38 пејачи-аматери, кои се редовни на неговите караоке забави ширум Македонија. Тој е комплетен автор на песната за која сними и видео во „Ејнџелс кафе“ во Штип, каде што често има настапи.

„ Среќа е да бидеш со твоето семејство. Среќа е да сакаш и да бидеш сакан. Уште поголема среќа е кога можеш да запееш со своите најблиски. Овие се моите пријатели кои исто така ми се како и семејство. Немаат професионално музичко искуство, но пеат од срце и душа, никогаш не ме оставаат сам и за нив ја напишав мојата нова песна „Среќа е“. Среќни празници на сите и бидете среќни, порача Мето на неговиот профил на Facebook.
Песната е продолжување на сингловите кои тој ги издава периодов наназад.













