ТЕРА

REKLAMA???

ТЕОДОРА МИЦЕСКА СО ГРАН ПРИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ

„Нештата кои најмалку очекуваш дека ќе се случат се едни од поубавите и послатките. Некои луѓе несакајќи ќе се впуштат во еден непознат свет со илјадници препреки, изненадувања,успеси, потешкотии но сите тие работи се едно големо искуство за самата личност. Јас несвесно се впуштив во еден музички свет каде што има милион препреки,но знам дека секоја една од нив ќе ја надмина со многу труд, љубов и многу волја. Гордо се претставив јас и земјата во која живеам. Се борев за она кое го заслужувам и за она кое навистина треба да го добијам“, ова го изјави 16 годишната Теодора Мицеска која ја претставуваше Македонија на меѓународниот фестивал во Молдавија кој оваа година се одржа во главниот град Кишинев во периодот од 27-31 октомври.

Мицеска од фестивалот се врати со највисоката награда GRAND PRIX за изведбата на македонската „Јано мори“. За учеството на фестивалот ни изјави:

–  „ Добив покана од самиот организатор на фестивалот. Во 2019 за прв пат учествував на молдавската музичка сцена и тоа за мене беше едно големо незаборавно искуство кое ми остави силен впечаток во моето срце и таа година Македонија си замина со победа/ GRAND PRIX со песната ” Ој ти пиле” . Оваа година ме поттикна големиот број на учесници повторно да се пријавам на истиот фестивал и умешно да се борам за најдоброто“.

Теодора Мицеска учи во Средното академско училиште за бизнис и администрација (САБА). Завршила и нижо музичко отсек виолина. „ Голема благодарност до најголемата поддршка од моите родители. Најголемо благодарам за моите ментори Катја Михелкис и Ласко Атанасов кои се заслужни за моите успеси“, рече Мицеска.

Оваа година на меѓународниот фестивал имало учесници од Романија, Украина,Русија, Бугарија,Косово, Албанија, Белорусија,Полска.