ТЕРА

REKLAMA???

ТРАЈКОВСКА: НЕ БЕВ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ

Ова е фотографија од 8 април оваа година кога, како што тогаш соопшти битолската СДСМ, победи одговорноста, разрешени се управните и надзорните одбори во јавните претпријатијата. Дали ова е последната заедничка фотографија со советничката Трајковска, која е од партијата ДОМ, партија која денеска соопшти дека ја напушта коалицијата со СДСМ.

Анастасија Трајковска е од ДОМ и на последните локални избори нејзината партијата беше во коалиција со ЛДП, кога освоија едно советничко место. Откако советникот од ЛДП се повлече, оти тогаш замина на државна функција, на местото на Груевски од листата следна беше Трајковска.

Таа денеска кажа дека и натаму ќе делува како советничка која е дел од опозицијата и повтори дека таа никогаш не била во коалиција со СДСМ оти на изборите настапувале самостојно како движење „Одлучно за промени“, така и делувала.

Фактите пак зборуваат дека таа често знаела да поддржи и проекти, идеи и амандмани кои доаѓале од спротивната страна, односно онаа владечаката.

А, Советот бидејѓи е кон крајот на својот мандат, она што како покрупна одлука се очекува е ребалансот на буџетот, кој ретко кога поминал на прва. Оттука и распоредот на силите во Советот барем во овој период нема да промени многу. Уште еден месец додека се распишат изборите Советот ќе има одврзани раце.

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година, како што стои во соопштенеито на партијата донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност.

„Првата одлука се однесува на напуштање на коалицијата со СДСМ и истата претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ.  На седницата на Централниот одбор беше донесена и одлука со која ДОМ се отвора за вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина. Третата одлука што ја донесе Централниот одбор е одлуката за настап на претстојните локални избори без партнери од традиционалниот политички спектар“ стои во соопштението од партијата.