Марјан Илиевски доби нов двегодишен договор од управата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола. Спортскиот директор Мартин Јовановски му ја укажа довербата на тренерот за периодот 2022-2024.
Тој во Илиевски гледа човек кој може да го продолжи процесот на развој на клубот.
Пелистер се пласира во полуфиналето од плејофот. Ривал на битолчани во полуфиналната фаза ќе биде Еуро Никел од Кавадарци. Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат скопските екипи, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.












