ТЕРА

REKLAMA???

ТРИФОНИКА-НОВО ТРИО НА КЛАСИЧНАТА МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА СЦЕНА

На годинешното издание на концертот во Офицерскиот дом по повод одбележувањето на Денот на пијаното, премиерно настапи триото “Трифоника” – пијано 6 раце, кое што е единствено трио според својот состав во овој дел од нашата држава.

„Трифоника е спој на три збора кои сами по себе носат огромно културно наследство. Бројот три честопати е број кој го означува совршеното во разни области од уметноста, науката и религијата. Фонетиката е наука за гласот, звукот и како што знаеме човечкиот гласовен апарат е првиот инструмент од каде излегува звукот. Ника е митолошка божица која носи победа во  уметноста, музиката и др. Трифоника може да се интерпретира како  триумф на три звуци, три согласности,  односно мислата на Хајдегер за чудесната врска меѓу уметноста, уметникот и уметничкото дело. Нивното постоење еден без друг е невозможна“, ни изјавија од триото.

Во истото членуваат професорките Марија Шамоска Буџаковски, Јана Четелева Белевска и Елена Ѓоргиева. Тие со нас ги споделија впечатоците од првиот настап, како и идејата за формирање на триото.

Настанот од чија програма беше и настапот на ова трио „Денот на пијаното“ и оваа годинава привлече голем број посетители и силни аплаузи, беше поддржан од општина Битола и Културно информативниот центар и е дел од културната програма на општината за оваа година. Организатор на настанот е Здружението на пијанисти и педагози „Пијано“ од Битола , а секое ново издание изобилува со инвентивност и креативност, што претставува инспирација и поттик за создавачите на музиката, нејзините изведувачи и слушатели.

Повеќе за триото Трифоника како и за настанот Денот на пијаното, во следното видео.