Карате клубот ЗАНШИН ДО од Битола на државното првенство во карате за кадети ,јуниори и У21 кое се одржа на во ООУ „ Антон Димитров“ во Бутел настапи со девет натпреварувачи и се закити со три бронзени медала и еден пехар.
Со бронзен медал се закитија во ката тим кадети /јуниори женски Елена Јончевска, Емилија Илковска и Леона Алиловска, Стефанија Петковска се закити со две бронзи во ката У21 и во кумите У21 -55 килограми.
Ова е голем успех за овој клуб, меѓутоа е уште поголем успех за Битола, бидеќи градот одамна не добил вака висок пласман во шампионатите во кадети, јуниори и У21.












