ТЕРА

REKLAMA???

ТРИ ЖРТВИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА, СРБИЈА И БИХ

Три лица загинаа, а неколку се повредени во невремето што вчера попладнето го зафати Загреб и другите делови на континентална Хрватска, соопшти Хрватската цивилна заштита, пишува Радио Слободна Европа.

Двајца мажи загинаа кога врз нив паднало дрво. Четириесетгодишен возач загина и во општина Черник во Бродско-посавинската жупанија поради паѓање на дрво врз возилото.

Поради невремето итните служби примиле над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а пожарникарите имале 50 интервенции.

Фото: Индекс.хр

Поради последиците од невремето, железничкиот сообраќај е во прекин на повеќе делници.

Едно лице загина во Блед, Словенија по пад на дрво соборено од жестоко невреме, соопшти полицијата од Крањ на 19 јули.

Во удар на гром се повредени две лица.

Временски непогоди попладнево ја зафатија Словенија движејќи се од запад кон исток и предизвикаа големи штети низ целата земја, јави агенцијата СТА.

Една жена загина во невремето што го погоди Брчко, на северот на Босна и Херцеговина, а повеќе од 20 лица побарале медицинска помош, изјави за агенцијата СРНА портпаролот на Јавната здравствена установа Сеад Шадиќ.

Истиот извор наведува дека итната помош имала седум интервенции и дека се работи за полесни повреди предизвикани од пад или удар со тап предмет.

Се додава дека ветерот во Брчко корнел дрвја, кршел гранки, оштетил неколку автомобили, а се случиле и два пожари.

На подрачјето на Самац, на северот на Босна и Херцеговина, Штабот за вонредни ситуации прогласи состојба на елементарна непогода во оваа општина, откако бурниот ветер предизвика големи материјални штети на приватни, деловни и станбени објекти, јавува Радио-телевизија на Република Српска.

Две лица се повредени во невреме во Нови Сад, јавува Радио-телевизија на Србија.

На лице место укажана е лекарска помош на дванаесетгодишно девојче, на кое паднало дрво и е пренесено на хируршкото одделение во Детската болница во Нови Сад.

Таа е свесна и во стабилна состојба, потврди за РТС Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад. Невремето урна неколку дрвја и сообраќајни знаци во Белград. Во Крагуевац, во централна Србија, екипи евакуираа три лица од невремето.

Електродистрибуција Србија соопшти дека поради силното невреме се забележани голем број дефекти и штети на нисконапонската мрежа, особено во Белград и градовите Војводина – Сремска Митровица, Бачка Паланка, Шид, Рума, Темерин.

Дефекти има и во други градови на Србија, меѓу другите, во Ваљево и Смедеревска Паланка.