ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО ПРОМОВИРА НОВА КЛАСА ДОКТОРИ НА НАУКИ

24 нови доктори на науки од денеска има на листата доктори на науки кои своите идеи и истражувања ги направиле во лабораториите и во соработка со професорите на универзитетот „Св. Климент Охридски“.  Тие денеска беа промовирани во своето стекнато звање.

​Свечено, академски, повторно просториите на зградата на ректоратот од универзитетот Св. Климент Охридски сведочеа за стремежнот кон научна одличност на академски граѓани од поширокиот регион кои своите докторски студии ги спроведоа на еден од факултетите и институтите на УКЛО.

Посебните тоги исти или слични како на највисоките претставници на Универзитеот ги истакнуваат докторантите. Тие денеска во присуство и на своите ментори и на своите блиски затворија само едно поглавје од својот живот.

Елена и Горазд сега се дел од листата на 500 доктори на науки од УКЛО и се дел од денеска промовираните.

​Денешната промоција на звањето е една од најголемите лични сатисфакции и за докторандите и за нивните семејства и блиски, но истовремено е многу важно и за заедницата вели проф. д-р Игор Неделковски. Нивните дисертации се често нови решенија за комплексни проблеби со кои се соочуваме во новото , ововековното секојдневие. Сепак, познат е ставот на ректорот, дека стекнувањето на докторската титула има вредност само доколку на чинот се гледа како на почеток на вистинската работа во интерес на заедниците.

Д-р Елена Шалевска и Д-р Горазд Смилевски зборуваа за нивното искуство во процесот на истражување и пишување на дисертациите. Што кажаа непосредно пред нивната промоција , во прилогот подолу што ве води до официјалниот YouTube канал на ТЕРА.