Пред советниците денеска се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Над 41 процент била реализацијата, односно точно 41,85 проценти.
Зборувајки за реализацијата на проектите од вториот квартал советничката Тодоровска на колегите од левата страна им рече колку и да им било смешно општината со градоначалникот Коњановски ќе продожи со градежните активности.

За СДСМ, односно за главниот во советничката група Николовски реализацијата била слаба и тоа во како што рече, она што граѓаните најповеќе го очекувале.

За развојот на локалниот економски и туристички потенцијал, односно за реализацијата во овој квартален период, зборуваше советничката Ѓоргиевска.

На кажаното од нејзина страна реплицираше Корлевски, прашувајќи дали туризмот во Битола е само „Зимската приказна“.

Учичиштето во Бистрица ќе се изгради, рече советничката Тодоровска, а како потврда дека работите добро ги правела општината, ја спомена и меѓународната лиценца на стадионот.
Темата, односно точката беше за реализацијата на кварталниот извештај. За текстовите и читањето зборуваше советникот Чулакоски, евоцирајќи спомени од минатото.

И така за него приказната продолжи на оваа седница со темата Нискоградба и Комуналец. Очекувано беше дека и оваа седница ќе биде за „билдање“ политички поени, како од едните, така од другите и од третите, четвртите не се тука.
Пред советниците и годишните извештаи за работа на средните училишта во Битола за ланската година и плановите за работа за новата учебна година.
Дали ќе бидат и точките за изборните паноа и користењето на месните заедници за предизборни активности, зависеше од тоа дали Илиевска ќе ги стави на дневен ред, бидејќи на седницата на Комисијата за финании каде немаше претставник на Општината да ги објасни, таа кажа дека нема да бидат дел од денешната седница.
Денеска кога го читаше дневниот ред ги прочита и тие две точки, а и беа изгласани. Но, зелено светло не доби извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. 13 советници беа „за“, 11 против, а тројца воздржани.












