Јавното претпријатие “Водовод”- Битола информира дека фонтаната на плоштадот „Магнолија“ повторно е ставена во функција.
Во информацијата велат дека пред извесно време од непознати сторители, беше извршена кражба на одредени делови од фонтаната. Со оглед на тоа што беше оштетена електрониката и една од пумпите ,се превзедоа одредени активности за санирање.
Отстранет е дефектот и во моментов фонтаната повторно е во функција, информираат од „Водовод“.
Фото: ЈП „Водовод“ Битола












