ТЕРА

REKLAMA???

ЦАПАРЕЦ „ЦАПАЛ“ СО КОЛАТА ТЕШКО ПИЈАН

„Утринава во 3.05 часот на бул. „1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 26 годишен жител на с.Цапари,битолско.“- информираат од СВР Битола.

Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „Опел” со битолски регистарски ознаки, при што било утврдено дека цапарчанецот е под дејство на алкохол.
Со апарат дрегер за мерење на количеството алкохол во крвта, измерени му биле 1.69 промили алкохол во крвта.

„По документирање на настанот против истиот ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.“

Според Кривичниот Законик, секое пијанство над 1.50 промили во крвта се смета за тешко пијанство и дека е дело сторено со умисла.