ТЕРА

REKLAMA???

ЦВЕТАН КУЗМАНОСКИ ДОБИ НОВ ДОГОВОР СО ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски го продолжи договорот со нашиот клуб до јуни 2025 година. Ова е остварување на уште една зацртана цел на клубот, па веруваме дека довербата во репрезентативен калибар како Кузманоски е важен чекор за растот на клубот. 22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.

„Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“, рече левото крило на Еурофарм Пелистер и македонската репрезентација.

Пред да дојде во Битола, младиот Цветан го носеше дресот на матичната Струга.