Василије Печурица во следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер 2, тим, кој со освоеното четврто место во македонската елита обезбеди настап на европска сцена.
По заминувањето на првиот голман, Благојче Трајкоски во Алкалоид, раководството на битолскиот тим се одлучи на негово место да го донесе црногорскиот интернационалец.
Црногорецот минатата сезона собра искуство во Суперлигата затоа што бранеше за Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Претходно четвртопласираната екипа во Суперлигата за минатата сезона се засили и со Мартин Ивановски од Охрид. Покрај Трајковски, клубот од Битола го напуштија и Ѓукиќ и Димитриоски.












