ТЕРА

REKLAMA???

„ЧЕКАЈЌИ ГО МИНИСТЕРОТ“ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Необична приказна за тројца луѓе кои сосема неочекувано се нашле на едно место, во иста прилика, но со различни цели.

Екипата на претставата ,,Чекајќи го министерот”, покрај легендарната актерка Лидија Вукичевиќ, ја сочинуваат и актерите Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

Дејството се случува во една руинира кафеана, која добива нов сопственик. Сопственикот се соочува со проблеми со старата келнерка околу неговата замисла како треба да оди бизнисот. Тој ангажира дизајнер кој треба да ја уреди кафеаната, а причина за тоа е доаѓањето на министерот од владата.

Имајќи закажано вечера за министерот, новиот сопственик се соочува со невозможна мисија. Од една страна незаинтересираноста на вработената келнерка да учествува во уредувањето на објектот за доаѓање на министерот, од друга страна дизајнерот кој има поинакви видувања за тоа како треба да се уреди објектот и дека се потребни неколку денови, што пак е проблем бидејќи министерот доаѓа за неколку часа.

Дали и како ќе биде пречекан министерот зависи од многу фактори.

Центарот за култура-Битола реализираше уште еден успешен настан во кој битолската публика уживаше во вечершната претстава.