ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕТИРИ ПОБЕДИ НА ТУРНИРОТ ВО ВРАЊЕ, СРБИЈА

На 27 март во Врање, Република Србија се одржа 8-от по ред турнир за ММА на кој имаше борци од шест балкански земји меѓу нив и од Македонија.

Битолскиот тим од НИНЏУЦУ КЛУБОТ- БИТОЛА имаше четворица борци за овај турнир и забележаа исто толку победи против борци од Србија.


Од клубот велат дека за овај настан се подготвувале подолго време и со многу работа и посветеност дојдоа резултатите.

„После добро прикажаното сценарио, три пати по ред во оваа организација еден нивни борец ќе добие шанса да се бори за појас во оваа организација со противник кој треба да го соопшти ММА федерацијата на Србија во следните неколку месеци. Три од борбите ги добивме брзо во прва рунда со завршници и само една на поени на судиска одлука. После тимското прво место освоено во Софија оваа година во Џиуџицу овај успех во ММА е продолжение и доказ за нашата посветеност кон боречките спортови. На календарот на натпревари имаме во блиска иднина сериозни балкански натпреварувања во Граплинг ADCC Белград, ММА борби и во други организации, но сетоа тоа зависи дали ќе го оствариме, во случај да дојдеме до некој спонзор кој може да ги покрие трошоците, имајќи предвид дека од Агенцијата за млади и спорт немаме никаква помош“ велат од клубот.

Фото: НИНЏУЦУ КЛУБ- БИТОЛА