Новак Ѓоковиќ го совлада Каспер Руд со 7-5, 6-3 во финалето на завршниот АТП Мастерс турнир во Торино и се израмни со Роџер Федерер на врвот на вечната листа.
Српскиот тенисер, иако не се чувствуваше најдобро пред натпревар, сепак, рутински стигна до триумф над 13 години помладиот ривал по час и 31 минута минати на теренот. За победата инкасира и 4,7 милиони долари.
За моментно осмиот светски рекет ова е шеста титула на завршниот Мастерс, со што се израмни по бројот на освоени титули со Швајцарецот Роџер Федерер. По пет имаат Пит Сампрас и Иван Лендл.












