ТЕРА

REKLAMA???

ЈОВАН ЈОВАНОВ И ЕЛВИР МЕКИЌ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ КОНЦЕРТ

Двајцата музичари, но и долгогодишни пријатели и соработници,  работат напорно, имаат проби со бендот и танчерите,  и  се возбудени што нивните деца првпат ќе ги гледаат како настапуваат во живо и конечно ќе ги видат на сцена.

Освен гостите, кои ги вклучуваат Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Тони Зен, Слаѓа Делибашиќ, Џус, Пајак и Врчак, со Јован и Елвир на сцената ќе се појават многу танчери, од кои еден дел биле избрани преку специјална аудиција.

За нивниот изглед, пак, се погрижи нашиот дизајнер Андреј Папаз, кој создаде по неколку различни аутфити и за Јован и за Елвир. Концертот има дрес код, а тоа е белата боја.

„Би сакале сите што ќе дојдат да облечат барем бела маичка или кошула, а на самиот концерт ќе дознаете зошто решивме да го направиме целото шоу како „сензација во бело“, вели Елвир .

Концертот ќе биде голем музички спектакл, а ќе понуди многу нови и стари хитови, како и некои подзаборавени песни што ќе ви ја разбудат носталгијата.