ТЕРА

REKLAMA???

Јосифовски: Владата на СДСМ од 3 до 5 пати го зголеми данокот на имот

Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Марко Јосифовски денеска и порача на опозицијата во Битола да им каже на битолчани за тоа како Владата ги зголеми деновите за имот.

„Почитувани од СДС, добро е да признаете дека оваа локална самоуправа ги заврши улиците кои ги раскопавте на заминување, а во моментот се работи на уште шест локации. Комплетно се менува животот во градот, во сите сфери, во кои Вие во четири години, воопшто не мрднавте.

Токму таму, во бројни инвестиции општината ги вложува средствата од буџетот, за разлика од Вас кои парите немилосрдно ги тршевте за вработување на партиски кадри создавајќи партиски клонови во општинските претпријатија и установи, кои за жал, токму тие кадри денес ги ограбуваат.

Наместо да изнесувате лаги, имајте доблест и информирајте ги битолчани, дека на предлог на Владата, го усвоивте законот со кој им наложувате зголемување на данокот на имот од 3 до 5 пати и тоа по низа основи.

Почитувани од СДС, Вашите манипулации повеќе не поминуваат. Граѓаните избраа промени, а промените на подобро веќе се случуваат“ вели Јосифовски.