Со наслов „35 години Наум”, , легендата на македонската музика, Наум Петрески, ќе го одржи својот јубилеен концерт во Битола, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”.
Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа со почеток од 21:00ч.
Организатори се продуцентската куќа АВАРД Промотион. Албумот “Најдоброто од Наум“, содржи дел од неговите најпознати хитови. Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена во живо да ги отпеат сега веќе легендарните хитови: ”Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Оди Ѕвездо” и други, а на славеникот како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј многу пријатели од естрадата, пејачи, актери. На концертот во Битола на сцената на античкиот театар Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата Боеми, Зуица Лазова, Владимир Поповски и Татијана Стефановска.
Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок но многу значаен музички проект.
Овој проект има вистинска вредност и уметничка тежина кои се од големо значење за одржување на македонската народна музика.













