ТЕРА

REKLAMA???

10 МИЛИОНИ УКРАИНЦИ СЕ БЕЗ СТРУЈА

Повеќе од 10 милиони Украинци во моментов се без струја, објави претседателот Володимир Зеленски, додека украинската војска соопшти дека енергетската инфраструктура на земјата е под постојан руски напад.

Украинската војска соопшти дека енергетската инфраструктура е под постојан напад на руски ракети и беспилотни летала, од главниот град Киев на север до реките Днепар во централна Украина и Одеса на југ.

Во изминатите 24 часа, украинските сили собориле два крстосувачки ракети, пет ракети од воздух и пет беспилотни летала Шахед-136 од иранско производство, тврди украинската војска.