ТЕРА

REKLAMA???

101 САНКЦИЈА ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Вчера во времето од 10:00-15:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 101 возачи.

Од нив 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Од СВР Битола велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

Инаку во територијата на СВР Битола спаѓаат градовите: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.