Вчера (22.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи .
Од вкупно 103 возачи ,63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од СВР Битола велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












