ТЕРА

REKLAMA???

11 ОКТОМВРИ-ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и со огномет синоќа во Прилеп почна одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81-та годишна од почетокот на антифашистичката борба во 1941. 

На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

„Водени од идеалите за слободна и суверена македонска држава и носејќи ги на грбот илјадниците жртви на војната, беспоштедно започнуваме борба која подоцна ќе го донесе големото ослободување на нашата Македонија, но и придонес за слободата во Европа.

Овој празник, оваа победа на македонскиот народ е светла точка во нашата историја. Но исто така поттик и мотив сега и во иднина цврсто да застанеме кога се во прашање националните интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнат пред 81 година, а со тоа да го зачуваме достоинството на Република Македонија“ беше речено на прославата во Прилеп.

Централниот настан, организиран од Владата се одржа пред Спомен-констурницата во Куманово,а владини делегации дополнително ќе положат цвеѓе пред спомениците на паднатите борци од Народноослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп.