Во Битола синоќа со свечена академија во КИЦ „Офицерски“ беше одбележана 110-годишнината од кајмакчаланската битка, како дел од дводневната комеморативна програма на Заедницата на Србите во Македонија- Битола.
Во присуство на високи политички гости од Македонија и Србија, во зградата симбол на српското управување со градот од минатото – Офицерски, беше испратена порака дека Кајмакчалан не е само место на воена историја, туку и симбол на сеќавањето и жртвата. Најпрвин на пристуните им се обрати домашинот, претседателот на битолската Заедница на Србите.
„За нас, Кајмакчалан, за душата и срцето на српскиот народ, има посебно значење и претставува симбол на херојството“, порача претседателот на Заедницата на Србите во Македонија – Битола, Зоран Жугиќ. Тој говореше и за потребата од зачувување на историското сеќавање. „Наша должност е паметењето. Ако го заборавиме Кајмакчалан, ќе заборавиме и кои сме, од каде сме и колку е скапа нашата слобода.“
Историскиот осврт на дамно минатото време врз кое се гради денешниот македонско-српски соживот понуди и документарен филм за битките на Солунскиот фронт. Присутните имаа можност и да слушаат изворна српска песна.
Котите на Кајмакчалан до кои војската стигнувала со голмо крвопролевање или се повлекувала , пак со огромен број на жртви, во битката за Битола под заедничко име српската војска ги нарекувала „Капија на татковината“.
„Низ таа врата, натопена со крв и надчовечки напори, поминувал српскиот војник за да му донесе на народот слобода, а себеси бесмртност.“ – рече во своето обраќање Николина Милатовиќ Попови од Министерството за надворешни работи на Република Србија, опишувајќи го местото како премин од еден во друг живот.
Поаѓајќи со мислата дека одбележуавњето на пробојот на Солунскиот фронт кај Битола не е само еднократна комеморација, од говорницата прозвучи пораката за идентитетското стојалиште на денешните граѓани на Србија.
И токму, зачувуавњето на итентитетот и културното наследство, заедно со создавање на добрососедски односи во новото време ја покажува современата димензија на одбележувањето. „Србија и Северна Македонија делат заеднички простор, слични предизвици и длабока поврзаност меѓу луѓето.“- беше кажано на Академијата.
Одбележувањето на 110-годишнината денеска продолжи на Кајмакчалан, кадешто всушност се одвива централната церемонија на ова одбележување во чест на загинатите војници но и на д-р Рајс, австриски форензичар и криминолог, кој не само што обезбедил докази за злосторствата од Првата светска војна врз српските војници, туку со својот хроничарски опус, дал , во тоа време , сосема нова димензија на страдањата на жителите на градот чие населенеи во првата голема војна од 25.000 стигнало до 5.000.












