ТЕРА

REKLAMA???

144 САНКЦИИ ЗА ПРЕКРШОЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречена е една мерка за користење мобилен телефон при возење, 7 санкции за некористење на заштитна кацига -шлем.

Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.