ТЕРА

REKLAMA???

12 ГОДИНИ МАЛИ ХЕРОИ БИТОЛА

Здружението за заштита на животните и животната средина Мали херои од Битола, го одбележа своето 12 годишно постоење. Над 100 до 150 животни на годишно ниво спасени од улиците, а се грижат и за нивно вдомување.

Моника Нолева и Цеце Марковска, велат дека мотив им беше да започнат да помагаат на бездомните животни, кои во тоа време, исто како денес ги имаше во голем број. Исто така работат на свеста на граѓаните во однос на здравјето на животните, нивна редовна вакцинација, дехелментизација и акцент на  стерилизацијата на своите миленици со цел да се заштити и нивното здравје и спречувањето на неконтролираното размножување.
Трета главна проблематика на која се насочија беше и правна заштита на бездомните животни, за донесување на закон за благосостојба на животните и нивно спроведување.

Во текот на изминатите 12 години организирале штандови на кои беа делени едукативни флаери, спроведоа акција заедно со здружението Бибевски за масовно стерилизација на бездомните кучиња во Битола, доделуваа ваучери за вдомени миленици од улица.Тука се и бројните акции за спасување на повредени кучиња и реакции за нехуманото однесување кон бездомните животни.

За оваа година посакаа да има што помалку животни по улиците, што помалку исфрлени животни од неодговорни сопственици и што поголем број на нивно вдомување .