Под мотото „Уметноста на традицијата“ во Битола започна 54-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура.
Овој фестивал, на кој се слават народни песни и игри од целиот свет, ќе трае 13 дена и ќе учествуваат 1.300 учесници од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД, вели Маја Андоновска-Илијевски, дирекорка на Центарот за култура кој го организира овој фестивал.
„Подготвивме многу работи, со оглед на тоа што пак имаме рекореден број на денови колку што ќе трае овој фестивал, оваа година 13 дена исполнети со изложби, промоции на книги, монографии, саем на книги, семинари, детска работилници, неколку концерти кои што се пред официјаниот почеток со тоа Дефиле на Широк Сокак и тоа концерт на „Танец“ на КУД „Илинден“, концерт во соработка со музичката младина на Македонија, потоа имаме еден интересен конгрес на кој што имаме гости од земјите од Балканот, но и од делови на Европа.
Се надевам дека нешто не заборавив, бидејќи се работи за голем број на настани, си имаме распоред и во различни делови од денот сме на различно место. Ќе ги споменам по Широк Сокак, танците на пладне на самите групи и гости кои што ќе дојдат, официјано имаме две концертни сцени и тоа пред офицерскиот дом и пред „Магнолија“ каде што е бидат главните концерти, меѓутоа вие знаете дека целиот град се претвора во една голема сцена, а гостите буквално каде поминуваат таму заигруваат, запејуваат, така што верувам дека и битолчани и сите гости, бидејки во моментов Битола е полна со луѓе од целиот свет, ќе уживаат во она што ќе им го приредиме.
„Илинденски денови“ не е само еден обичен фестивал на фолклорот, за мене „Илинденски денови“ е еден фестивал кој што ги одбележува летата во Битола, фестивал кој можеби пред педесет години кога започнал како една иницијатива на зачувување на македонската традиција, сега веќе е рамо да рамо со сите фестивали кои што се под Циоф од УНЕСКО, а тоа значи еден вид на карневалија, заради тоа што навистина градот ни се отвара и се претвора во една голема светска сцена.
Можеби пристрасно, затоа што работам веќе седми пат на овој фестивал, меѓутоа за мене е еден од најубавите фестивали не само во Битола, туку во нашата земја“ вели Андоновска-Илијевски.












