ТЕРА

REKLAMA???

1,5 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗАРАБОТИ ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ВО 2023 ГОДИНА

Информатичко-комуникацискиот сектор во Македонија бележи раст од 15% годишно, а лани ИКТ компаниите оствариле речиси 1,5 милијадри евра приходи, вели најновата анализа на  Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

 

Анализата МАСИТ ја спроведува на годишно ниво  и според параметрите кои се проверувале за 2023 година, ИКТ индустријата во Македонија го задржала позитивниот тренд на пораст, согласно последната анализа на МАСИТ, која покажува континуиран раст по однос на сите параметри.

Индустријата располага со квалификувана и ефективна работна сила со одлични познавања на англиски јазик и други останати јазици, солидна телекомуникациска инфраструктура, квалитетен софтвер и ИТ услуги, супериорно техничко и деловно знаење по конкурентни цени. ИКТ индустријата има огромен потенцијал во растот и развојот на македонската економија, а повеќето компании специјализирани во рамки на “Софтверот и ИТ услугите” главно се извозно-ориентирани компании и имаат значителна додадена вредност.

 

2023 година се евидентирани 3091 компанија, споредувано со 2.846 од 2022, евидентирани биле 21640 вработени во овој сектор што е пораст за 8% но 2022 година била рекордна во вработувањата. Индустријата реализирала  266,8 милиони евра за плати. Просечна месечна бруто плата на вработените измесува 2.290 евра.

Компаниите во 2023 година оствариле пораст и во приходите од работењето и во извозот и тоа 15%, односно 18% пораст во однос на 2022 година и генерирале данок на добивка во износ над 20 милиони долари, или 13% повеќе од 2022 година.