ТЕРА

REKLAMA???

15 САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Во текот на изминатата вечер (15/16.06.2023)во периодот од 23.00-04.00 часот на подрачје на Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 15 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.

Од СВР Битола велат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.