Во текот на изминатата вечер (18/19.05.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на град Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 17 алкохолизирани возачи, кои се веднаш исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.
Од СВР Битола велат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.












