ТЕРА

REKLAMA???

20 ГОДИНИ ОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Со државнички активности, денеска се одбележува 20 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова- Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

МИА