ТЕРА

REKLAMA???

20 ГОДИНИ РЕСТОРАН КОРЗО БИТОЛА

Некаде пред 60 години започна изградбата нa објектот кој беше вистинско архитектонско откритие во тоа време,со прекрасно дизајниран ентериер и голема летна тераса со препознатлив детал, а тоа е големиот бетонски лак.

Битолчани му дадоа едно име, како што и денес го нарекуваме овој прекрасен угостителски објект , Ресторан Корзо , кај граѓаните познат како Барот. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век Ресторан Корзо беше култно место за битолчани, а повозрасните и денес чуствуваат многу носталгија поради спомените кои ги имаат. 

Во колективната меморија на битолчани ќе остане како место каде се прославија многу свечености како матури, другарски вечери, а секако тука се спомените од фамилијарните веселби каде тогаш младите битолчани се заколнуваа на вечна љубов. Остануваат сеќавањата на вечерите поминати со музиката на Боцкино, Црвенко, Миле, Сефко, Јонче, Васка, Виолета.

Кога Битола и битолчани ја гледаа затворена оваа кафеана, си прераскажуваа како било, како и со кој убаво си поминале и го чекаа денот кога Ресторанот Корзо повторно ќе се отвори, а тогаш кога најголем број и од оние кои беа присутни на синоќешната свеченост, тагуваа, пред 30 години, започна една друга, сега слободно можеме да кажеме, успешна угостителска приказна, а тоа е поводот за синоќешното дружење и славење,  30 години постоење одбележува компанијата „Прецизион“ и 20 години ресторан „Корзо“.  

Компании кои денес претставуваат бренд за Битола и пошироко. Зад нив стои името на Пеце Стојчевски, човекот кој неуморно се вложува себеси се со цел да им излезе во пресрет на своите сограѓани, деловни соработници, пријатели. 

Пред 7 години Стојчевски го отвори и хотелот Корзо, хотел со луксузни апартмани, кој е најпосакуван од страна на нашите иселеници. Под  „Прецизион“ спаѓааат и рестораните „Вавилот и „Империјал гарден“, места специјализирани за семејни прослави. 

Но Стојчевски, не застанува тука. И денес за угостителството зборува со истиот ентузијазам како пред 3 децении. Планира повторно да вложува во нови угостителски капаците каде што неговите сограѓани ќе можат да уживаат.Она што дефинитивно го однесе напред е квалитетот, без разлика дали станува збор за исхрана, услуга или организациски дел. 

Квалитетот е нешто што го препознаваат сите гости и за кој повторно се враќаат. Да не заборавиме Стојчевски е и голем хуманитарец. 

За да биде успешна една компанија и да ги оствари своите цели, треба да има менаџер кој знае да ја организира, планира , координира, екипира и мотивира  целата работа во компанија. Е токму такви луѓе стојат зад Стојчевски. Еден од првите менаџери е Марјанчо Трифуновски, а сега за сите успешни работи во ресторанот е задолжен Андреј Јоскоски. Во знак на благодарност Стојчевски на своите менаџери, вработени и деловни соработници им додели признанија во вид на плакети. И Тера телевиизја доби благодарница за долгогодишната соработка.

На крајот на оваа свеченост следуваше неформалното дружење и пригодниот коктел, подготвен токму од вештите раце на куварите во Ресторан Корзо.