ТЕРА

REKLAMA???

20 САНКЦИИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СВР БИТОЛА

Во текот на вчерашниот ден (25.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкионирани се 20 возачи од кои 16 ја пречекориле брзината во населено место и 4 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Од битолската полиција велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Инаку во територијата на СВР Битола спаѓаат градовите: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.