Бројот на загинати од вчерашниот руски ракетен напад врз станбена зграда во централниот украински град Днепар се искачи на 20, изјави денеска регионалниот гувернер Валентин Резниченко.

Тој рече дека 73 лица биле повредени во нападот, само еден од неколкуте украински градови кој што беше цел на руски ракети во текот на вчерашниот ден.

Доцна синоќа, локалните власти соопштија дека 38 лица, меѓу кои шест деца, биле спасени. Меѓу потврдените мртви, има и едно дете, 15-годишно девојче, пишува Радио Слободна Европа.
Градот, исто така, прогласи тридневна жалост за, како што го нарече, најлошиот „терористички напад на Днепар“ од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари.












