Колку првооделенци се запишаа во Битола, е прашање кое во поново време често се поставува, а е индикатор дали наталитетот се намалува или зголемува, остануваме тука или се иселуваме.

Уписите за првооделенците завршија и бројки велат дека во следната учебна година 2025/2026 година, односно од наесен во битолските училишта ќе имаме 548 првачиња. Ова е бројка на запишани првачиња до 15 јуни.

Најмногу првачиња има во основното училлиште „Св. Климент Охридски“ 94, а најмалу во „Александар Турунџев“ само 10.
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ 24
ОУ „Коле Канински“ 43
ОУ „Гоце Делчев“ 45
ОУ „Трифун Пановски“ 37
ОУ „Тодор Ангелевски“ 54
ОУ „Ѓорги Сугарев“ 30
ОУ „Елпида Караманди“ 64
ОУ „Даме Груев“ 58
ОУ „Св. Климент Охридски“ 94
ОУ „Стив Наумов“ 59
ОУ „Александар Турунџев“ 10
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ 30
Минатата учебна година (2024/2025), до октомври 2024 година беа се запишале 767 првачиња. Оттука и разликата дека имаме 219 првачиња помлаку од лани.












